Кина престана да издава визи за јапонските граѓани

Од:

Кинеските власти престанаа да издаваат какви било визи за јапонските граѓани, дури и за туристички патувања.

Кинескиот центар за аплицирање за визи во Јапонија испрати известување до јапонските тур-оператори за мерката на кинеските власти.

Сè уште се непознати причините за таквата одлука на Пекинг.

Претходно, Кина го замрзна издавањето на краткорочни визи за Јужнокорејците како реципрочна мерка против Ковид-19 на Сеул.

Од 30 декември, Токио ги тестира на коронавирусот сите кои пристигнуваат од Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени