Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи по повод почнувањето на Светиот месец Рамазан упати рамазанска порака.
„Почитувани верници, браќа и сестри! Благодарноста му припаѓа на Семоќниот Алах кој ни ја даде можноста да ги доживуваме вредностите на благословениот месец Рамазан, во кој месец се објави светата исламска книга, Куранот. Благословениот месец Рамазан, како месец на Куранот претставува задоволство и можност за целосна посветеност и подготвеност да му служи на човекот за да ја најде правната вистина, за да ги разбере социјалните вредности, за да ги негува животните стандарди, соживотот, толеранцијата и почитување на разликите, наведува во пораката“, упати порака поглаварот на ИВЗ.
Овој е месец на солидарност и зближување меѓу себе, вели поглаварот на ИВЗ, месец за помагање на сиромашните и бедните, чиј број на оваа категорија на нашето општество, за жал, секој ден е во пораст.
„Браќа и сестри! За сите нас нека овој месец биде месец на позитивни промени во сите сфери на животот. Нека ни биде среќен благословениот месец Рамазан, вели во рамазанската порака поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.