Албанија домаќин на воената вежба „Бранител Европа 2023“

Од:

Албанија и годинава ќе биде еден од домаќините на воената вежба „Бранител Европа 2023“, изјави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Вежбата „Defender Europe“ е годишна, мултинационална заедничка воена вежба предводена од војската на САД, чија цел е подобрување на интероперабилноста меѓу САД, НАТО и земјите партнери, а ќе се одржува на локации низ Европа во неколку фази.

Албанија пред две години беше еден од организаторите на вежбата „Бранител Европа 2021“ на која учествуваа 30.000 американски војници.

Според Пелеши, во рамки на специјалното стратешко партнерство со САД, во септември годинава Министерството за одбрана ќе започне со одбранбено-безбедносни проекти.

-Во рамките на ова партнерство, во септември 2023 година во Албанија ќе пристигнат два американски хеликоптери „Black Hawk“. Исто така благодарение на партнерството со САД и полноправното членство на Албанија во Центарот за кибер-безбедност на НАТО, оваа година албанскиот оперативен центар за кибер-одбрана ќе биде функционален и со добро обучен персонал, рече Пелеши.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он