Русија забрани мапи каде Крим не е дел од неа: „Тоа е екстремистички материјал“

Од:

Владата на Русија го поддржа амандманот кој ги класифицира мапите што го оспоруваат официјалниот „територијален интегритет“ на земјата како казнив екстремистички материјал.

Во амандманот се наведува дека „картографските и другите документи и фотографии кои го оспоруваат територијалниот интегритет на Русија“ ќе бидат класифицирани како екстремистички материјали, објави државната новинска агенција Тасс, а пренесува Си-Ен-Ен.

Двосмислената руска легислатива против екстремизмот што се применува, меѓу другото, на верските организации, новинарите и нивните материјали, како и деловните активности, му дозволи на Кремљ да изврши поголем притисок врз неистомислениците. Новиот амандман се појави, јави ТАСС без да се повикува на извори, откако пратениците посочија дека некои карти дистрибуирани во Русија ја оспоруваат „територијалноста на Кримскиот Полуостров и Курилските острови“.

Русија го анектира украинскиот Крим во 2014 година, потег што Украина и многу земји го нарекоа нелегален. Украинците и нивната влада оттогаш се спротивставија на мапите на светот кои го прикажуваат Крим како дел од руската територија. Русија и Јапонија се расправаат за група острови во близина на јапонскиот остров Хокаидо. Советскиот Сојуз ги окупираше Курилските острови на крајот на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте