Неколку илјади луѓе денеска протестираа во Штрпце поради ранувањето на две момчиња со огнено оружје, јави БЕТА.
Врз двете момчиња на 11 и на 21 година во петокот беше пукано од возило во движење. Напаѓачот, припадник на косовските безбедносни сили подоцна беше уапсен.
Око 7 хиљада Срба јасно је данас поручило да само желимо да будемо свој на своме!
И ситним душама је такође послата порука. Нек у својим циркусима наставе да се сами забављају, а за све њихове лажи сносиће одговорност.
Наша слога биће пораз врагу! pic.twitter.com/mnc247jRII
— Dalibor Jevtić (@jevticdalibor) January 8, 2023
На протестот присуствуваа и Срби од другите делови на Косово, како и политички лидери на Србите во Косово, претставници на Српската листа, како и претседателите на српски општини.
Претседателот на општина Штрпце и потпретседател на Српската листа, Далибор Јевтиќ изјави дека Србите денеска се собрале на протестот, бидејќи биле принудени да страдаат.
Тој додаде дека политиката во Приштина доведе до тоа поединци да мислат дека можат слободно да пукаат во српски деца.
Јевтиќ и порача на меѓународната заедница дека е време да се „вразуми“ косовскиот премиер Албин Курти.
На приодот кон Штрпац беа присутни неколку патроли на косовската полиција и на КФОР.
Извор: МИА