Поради бура во Калифорнија повеќе од 330.000 домови и фирми се без електрична енергија

Од:

Над 330.000 домови и компании во Калифорнија останаа без електрична енергија поради бурата што ја погоди американската сојузна држава.

Најмалку шест лица загинаа во невремето, меѓу кои и едно дете.

Метеоролозите предупредија дека уште една „атмосферска река“ од густ, влажен тропски воздух утре ќе ја зафати Калифорнија и ќе донесе дожд и снег на планините.

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување дека кумулативниот ефект од последователните обилни дождови од крајот на декември минатата година може да го зголеми водостојот на реките на рекордно високо ниво и да предизвика поплави во поголемиот дел од централна Калифорнија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви