Вучиќ се обрати до јавноста: Сите го знаевме и го очекувавме тој одговор од КФОР

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ и се обрати на јавноста откако го доби одговорот на КФОР на барањето на Белград српските сили да се вратат на Косово.

„Сите го знаевме и го очекувавме тој одговор. Секако, ни одговорија дека нема потреба да се враќа српската војска на Косово“, рече тој во живо на ТВ Пинк.

„Тие се повикуваат на резолуцијата 1244 каде ја нагласуваат својата улога, но не се повикаа на делот од Резолуцијата каде што тоа е дозволено. Писмото ни го предадоа на Бадник. Позитивен одговор на тој ден би било добро, но е несоодветно да се испрати негативен одговор на ваков празник“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека во професионална смисла не може да каже дека НАТО непрофесионално си ја врши работата, туку вели дека тие се само алатка во рацете на западните сили.

„Ќе почекаме, ќе посочиме како и каде и на кои места не го заштитиле српскиот живот“, изјави Вучиќ.

Тој додава дека кампањата за поддршка на Косово во светот е срамна.

„Добив една порака на Хиландар во врска со тој напад, а дури 11 пораки за Рада Трајковиќ, која седеше некаде на клупа. Тие не се грижеа за ранетите момчиња и тоа е она што можеме да го очекуваме“, рече тој.

Како што вели, има две групи кои вршат притисок врз Косово. Тој додава дека има таканаречени патриоти, кои не придонесуваат ништо, а сакаат да излезат од таа ситуација поголеми:

„Во 2010 година, поради лична популарност, неколку политичари од Србија побараа пресуда од Судот на правдата, иако беше јасно дека ќе изгубиме. Само требаше да преживеат ден за ден, а не да направат нешто за својата земја“.

Тој додава дека борбата за Србија ќе продолжи и дека на некои нема да им биде лесно да одговорат на прашањата.

Претседателот Вучиќ рече дека е особено интересно што дел од српските медиуми намерно не зборуваат за српски момчиња.

– Рекоа дека имало пукање. Таму немало пукање, таму еден човек поради омразата кон српскиот народ и српските деца, видел како носат бадникови гранки и пукал во нив, кажа Вучиќ.

Посочува дека со сето тоа ќе треба да се соочат. Тој додава дека има обид за убиство на две српски момчиња.

– Ни претстои тежок период, но ќе се бориме и очекуваме позитивен исход и на ова прашање. Проблемите ќе продолжат за нас и сето тоа што се случува е резултат на атмосферата што режимот на Курти ја создаваше долго време – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија