Отстранети се барикадите што беа поставени во селото Готовушa во Штрпце, по ранувањето на две српски момчиња.
Како што јави приштински Коха, барикадите направени од дрво и гуми ги отстраниле локалните Срби по неколкучасовни преговори со косовската полиција.
Мештаните вчера го блокираа регионалниот пат Штрпце-Урошевац откако две српски момчиња беа ранети во Готовуша кај Штрпце кога локален Албанец пукал во нив од возило во движење.
Пукањето настанало без никаква причина, известуваат медиумите.