КФОР одговори на барањето на Србија за враќање на припадниците на српската војска на Косово.
Претставници на Комисијата за спроведување на воено-техничкиот договор на Генералштабот на српските вооружени сили денеска на Бадник, во 19 часот, на административниот премин Мердаре, добија одговор од претставници на КФОР на барањето за враќање на до 1.000 припадници на српските вооружени сили и на српски полицајци на територијата на Косово.
-Министерството за одбрана го достави споменатиот документ до Кабинетот на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, со цел да го запознае претседателот со содржината на одговорот на КФОР – се вели во соопштението од Министерството за одбрана.