Уапсен напаѓачот кој рани две момчиња на Косово

Од:

Полицијата го уапси напаѓачот на српските момчиња Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21).

Според првите информации уапсен е А.К.(33), кој е префрлен на распит во Урошевац. Според косовските медиуми напаѓачот е припадник на косовските безбедносни сили.

Според албанските медиуми, тој на 20 километри од местото на настанот бил уапсен од полициска патрола.

Косовската полиција соопшти дека привела осомничен за ранување на двете момчиња.

Како што се наведува во соопштението, „по интензивна истражна работа, регионалната полиција на Урошевац прибрала информации на терен, го идентификувала и потоа го привела осомничениот А.К на 33 години“.

„Осомничениот е под надзор на полицијата, односно Подрачното одделение за истраги за други истражни дејствија“, се наведува во соопштението.

За потсетување, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина