Две момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша крај Штрпце кога без причина локален жител за кој спрските медиуми пишуваат дека е Албанец пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово.
Како што се наведува, „во моментот на нападот децата оделе покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот почнал да пука кон нив“.
– Тие се здобиле со прострелни рани, едното момче било застрелано во раката, а другото во рамото, а само од чиста среќа не биле повредени или во животна опасност – велат од Управата.
Ранетите се во Клиничкиот болнички центар во Грачаница каде се задржани на лекување.