Основниот суд во Приштина денеска му го продолжи куќниот притвор на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ за уште два месеци, соопшти тој суд.
Како што се наведува во соопштението, судијата за претходна постапка донел одлука и го прифатил барањето на Специјалното обвинителство на Косово за продолжување на мерката куќен притвор на Пантиќ до 9 март 2023 година, пренесува Коха диторе.
Обвинетиот има право на жалба на оваа одлука до Апелациониот суд во Приштина, преку Основниот суд во Приштина.
Пантиќ беше уапсен на 10 декември на преминот Јариње, а Приштина го сомничи за учество во наводниот напад на просториите на ЦИК на северот на Косовска Митровица.
Во пресрет на Новата година, Пантиќ е префрлен во домашен притвор.