За ВМРО-ДПМНЕ нема потреба од вонредна седница на Советот за загадувањето: Ковачевски и Арсовска нека договорат мерки

Од:

Нема потреба од вонредна седница, Ковачевски и Арсовска на тајните средби, покрај тендери, нека договорат за народот мерки за почист воздух. Сите мерки кои ги има Јанчева или некој советник од СДС може да му ги даде на Ковачевски, кој е во тајна коалиција со Арсовска, и заради која соработка ВМРО-ДПМНЕ ја повлече поддршката за градоначалничката реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на барањрто од СДСМ за вонредна седница на Советот на Град скопје поради загадувањето.

– Ковачевски на средбите со Јакимовски и Арсовска, освен тендери може да договори и некоја добра работа за граѓаните како што е почист воздух.Дури и во СДС до сега требаше да сфатат дека нивниот претседател е во коалиција со Арсовска, а плод на истата е и директорот на ЈСП, кадар на СДС, претпријатие преку чие ефикасно делување може да се намали загадувањето.Очигледно е дека во СДС не се знае кој што прави, па Јанчева или го опструира Ковачевски, или тој го опструира цело СДС, може тоа е и плус причина зошто пратениците му бараат избори, а тој бега се вели во сооптението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски