СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје за 44% ги намали парите за борба против загадениот воздух

Од:

Скопјани дишат енормно загаден воздух а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина во Скопје за дури 44 % велат од СДСМ.

– Во 2022 година во буџетот на Скопје беа предвидени 88 милиони денари. Оваа година ВМРО-ДПМНЕ ги намали паритена само 49 милиони денари. Таков буџетот на Град Скопје со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите коишто се борат против загрозувањето на животната средина. Измина една година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со Левица и нивната градоначалничка Арсовска. Ги нема мерките кои за време на изборите ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа. Ги нема ниту 100 електрични автобуси кои Мицкоски ги ветуваше. Буквално една година е потрошена на кавги за тендери и провизии, а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направи ништо се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците