ФОТО: Училиштата им посакаа добредојде на 580 првачиња од Карпош

Од:

Околу 580 дечиња од Карпош вчера за првпат тргнаа в училиште. На сите ним, Општината, на традиционалната манифестација на игралиштето „Сокол“, им даде подарок за да ги мотивира за работа и за да го одбележи овој, за нив, значаен ден.

proslava 1

Општинскиот татко, Стевчо Јакимовски, на пригоден начин ги поздрави првачињата и им посака успешен почеток на школувањето.

– Искрено се надевам дека еден или една од вас, ученици на Карпош, ќе биде иден премиер, претседател, министер, писател, уметник, добар инженер, лекар или, можеби, некој нобеловец.

– Ние правиме сè за нашите ученици да бидат што е можно позадоволни, да работат во што подобри услови.

– Не случајно најголем е притисокот за запишување ученици токму во Карпош, но никој нека не се лути поради спроведувањето на реонизацијата зашто она што го плаќаат нашите граѓани, ние сметаме дека треба да го трошиме на нашите ученици и на нивното образование – рече градоначалникот Јакимовски.

Основните училишта во Општина Карпош и годинава се целосно подготвени за почетокот на учебната 2013/14 година.

Бидејќи минатата година беа завршени големите реконструктивни зафати во сите 10 училишта во општината, пред почетокот на оваа учебна година беа спроведени некои помали корекции и обновувања, како молерисувањето во училиштето „Јан Амос Коменски“, оградувањето на училиштата „Владо Тасевски“ и „Вера Циривири-Трена“ итн.

proslava 3

– Имаме одлични просторни услови за работа, а опремата е на завидно ниво, па можеме успешно да ја почнеме учебната година. Годинава се запишаа околу 580 првоодделенчиња во сите 10 училишта во Општина Карпош – ни објасни Мирјана Поповска од Одделението за образование при Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае