Рускиот претседател Владимир Путин нареди преку видео врска фрегатата „Адмирал Горшков“, опремена со ракетни системи „Циркон“ да биде испратена во воена служба.
На церемонијата Путин изјави дека Русија ќе продолжи да го развива борбениот потенцијал на вооружените сили и да произведува ветувачко оружје, а им се заблагодари и на експертите од одбранбената индустрија, кои започнаа со сериско производство на „Циркон“.
„Денес имаме важен и значаен настан: Фрегатата „Адмирал Горшков“ тргнува во поход на далечното море. Тука нема ништо необично: тоа е вообичаена работа, но овој пат бродот е опремен со најновиот хиперсониченичен ракетен систем „Циркон“, оружје од најновата генерација“, рече Путин за време на церемонијата.
„Убеден сум дека таквото моќно оружје сигурно ќе ја заштити земјата од потенцијални надворешни закани и ќе помогне да се обезбедат националните интереси на нашата земја“, рече Путин.