Ердоган денеска телефонски ќе разговара со Путин и со Зеленски

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска планира да оствари одделни телефонски разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со рускиот претседател Владимир Путин.

Ова го соопшти Ибрахим Калин, портпарол и советник на претседателот на Турција, во изјава за НТВ, пренесува Укринформ.

– Претседателот Ердоган утре ќе разговара со рускиот лидер Путин и со украинскиот лидер Зеленски, рече синоќа Калин.

На 11 декември Зеленски и Ердоган разговараа за можното проширување на коридорот за извоз на жито од украинските пристаништа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски