Напаѓачот на тројца њујоршки полицајци е исламски екстремист

Од:

Тинејџерот кој нападна тројца полицајци со мачета на аголот на улицата 52 и 8-та авенија во близина на Тајмс Сквер во Њујорк на новогодишната ноќ, околу 22 часот, е обвинет за обид за убиство и напад со ладно оружје, соопшти денеска њујоршката полиција.

Полициската управа на Њујорк го идентификуваше осомничениот како 19-годишниот Тревор Бикфорд од Велс, Мејн, а Њујорк Тајмс објави дека има информации дека нападот е поврзан со исламскиот екстремизам, пренесува Ројтерс.

Њујоршките власти не го објавија мотивот за нападот врз полицајците, но Њујорк тајмс цитираше неименуван висок функционер на правдата кој рекол дека Бикфорд подоцна би можел да се соочи со обвиненија за екстремизам.

Извештајот на весникот открива дека Бикфорд го прифатил исламот пред година и пол и дека во својот дневник напишал проштално писмо до семејството.

Во дневникот, Бикфорд се осврнал и на својот брат, кој служи во армијата на САД, и го обвинил дека „ја носи униформата на непријателот“, пишува њујоршкиот дневен весник, повикувајќи се на неименуван извор во судството.

Бикфорд повредил тројца полицајци, од кои еден тешко, а самиот бил застрелан во рамото и однесен во болница.

Истрагата е во тек, потврди за Ројтерс извор од Њујоршката противпожарна служба.

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

(ВИДЕО) Маскиран млад човек пукаше кон таксист во Њујорк по расправија за плаќање на превозот

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ