Потресни сцени се снимени на стадионот Сантос каде телото на починатата легенда Пеле беше преместено од болницата во Сао Паоло каде почина славниот Бразилец.
На стадионот „Урбано Калдеира“ познат и како „Вила Белмиро“ ќе се одржи бдение, а на теренот ќе биде поставен отворен ковчег за сите што сакаат да се простат од најдобриот фудбалер.
Пред стадионот веќе подолго време има долга редица, бидејќи илјадници навивачи дојдоа да му оддадат почит на Пеле, а на стадионот беше поставен знакот „да живее кралот“.
Да потсетиме, Пеле почина на 29 декември во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло по тешка битка со ракот на дебелото црево.
Во Сантос играше од 1956 до 1974 година, шест пати беше шампион на Бразил, два пати победник на Копа Либертадорес, а најголемиот успех го постигна со репрезентацијата на Бразил, која ја предводеше до три „златни божици“ на четири Светски Првенства.
Според информациите од странските медиуми, погребот на Пеле ќе се одржи во вторник на највисоките гробишта во светот.