ВМРО-ДПМНЕ: Поради неуспешните политики на власта граѓаните забрзано осиромашуваат

Од:

Според прес конференцијата на Кузеска се добива впечаток дека СДС уште ги држи прославата од Нова Година. Стандардот на граѓаните поради лошите политики на СДС е паднат на најниско ниво велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес конференција на портпаролката на СДСМ Боганка Кузеска.

– Платите и пензиите ја изгубија трката со цените. Тоа што можело да се купи со илјада денари, денес не може да се купи со две илјади. Македонија се соочува со највисока инфлација во регионот и една од највисоките во Европа. Во светот сме меѓу првите земји по раст на цените за храна. Тоа значи дека нашите граѓани најбрзо и најмногу осиромашуваат во споредба со другите. Според странските инвестиции сме на дното во регионот, односно и Косово и Албанија и Србија имаат двојно, па и тројно повеќе странски инвеститори од нас. Иста е сликата и во домашната економија. Според извештајот на Светска Банка, Македонија ќе ја заврши 2022 година со раст на БДП кој е најлош во регионот и еден од најлошите во Европа, односно од нас полошо ќе поминат само Русија и Украина кои се во војна. Поради неуспешните економски политика огромен број од младите сакаат да ја напуштат Македонија се наведува во ракцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он