Долгогодишниот инструктор по летање Љубиша Арманда и неговата ќерка Андреја загинаа во авионска несреќа што се случи денеска во Приједор.
Трагедијата што го снајде Приједор се случи денеска околу 15 часот во близина на главниот пат Приедор-Козарска Дубица, пишува Српскаинфо.
Љубиша Араманда бил инструктор и пилот по едриличарство, бил планинар, член на ПД „Клековача“, а работел и во Електродистрибуција Приједор. Неговата ќерка неодамна почнала да работи во општина Приједор.