Одлична забава со Дац и Александар, ДЏ Фиц, Драган Б. Костиќ и тамбурашите на „Центар и пријателите“

Од:

Многу насмевки, задоволство, дружење, музика и пријатна атмосфера на вчерашната предновогодишна забава „Центар и пријателите“, која се одржа на „Боемска 1“.
Граѓаните се забавуваа на хитовите кои ги пуштаа ди-џеите Фиц и Драган Б. Костиќ, песните на Дац и Александар Митевски и за крај уживаа во тамбурашите кои со својот репертоар ги стоплија срцата на присутните во доцните вечерни часови.

На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кој им им ја честиташе новата 2023-та година и им посака среќен и спокен празничен период.

„Наредната година посакувам на сите да ни биде подобра, повесела и посреќна. Ја испраќаме старата и со голема доза на оптимизам ја започнуваме новата година.
– 2023-та нека биде година која ќе ја посветиме на нашите најблиски, семејството, пријателите. Во Центар започнуваме нова приказна. Продолжуваме со уште позасилено темпо, со нови проекти, нови активности и нови иницијативи за подобар живот на сите нас – им порача градоначалникот Герасимовски.

Драги сограѓани, Ви благодарам на сите што нѐ поддржувате во нашите подвизи, додаде Герасимовски и посочи дека пред нас се наоѓа важна година со многу проекти за реализација и секоја поддршка е исклучително важна.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно