По пауза од две години, новогодишната ноќ во Грција без никакви ограничувања

Од:

Новата година, по пауза од две години, Грците ќе ја дочекаат без никакви мерки и рестрикции поради Ковид-19, додека пак општина Атина најавува спектакуларен пречек на плоштадот Синтагма, јави дописничката на МИА од Атина.

Дочекот на 2021 беше за време на целосен карантин, а лани само неколку дена пред 31 декември поради драстично зголемениот број новозаразени беа воведени мерки, угостителските објекти беше дозволено да работат до два часот по полноќ, но без музика и со забрането е стоење и паралелно беа откажани сите јавни празнични прослави.

Оваа година, сликата е сосема поинаква, рестораните, баровите и слично, не само што ќе работат без никакви ограничувања, туку и веќе се целосно резервирани, а од општина Атина организираат дочек во центарот на градот.

Најавија музичко шоу на плоштадот Синтагма, проследено со голем огномет токму на полноќ, а паралелно, планирана е и отворена забава со грчки диџеи на атинскиот пазар.

Исто како и во пресрет на Божиќ, така и сега, во изминатите денови Грците ги преплавија улиците во Атина или за подготовка за новогодишната ноќ или да купат подароци за најблиските или едноставно да се прошетаат и да ја почувствуваат предновогодишната атмосфера во грчката метропола.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Грција

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина