Италијанското Министерство за надворешни работи попладнево ги деманираше информациите дека в недела на 8 септември во Рим ќе се одржи средба на претставници на 11-те земји-членки на Групата „Пријатели на Сирија“.
Ваквата реакција уследи по информациите што ги објавија повеќе медиуми повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, дека во недела во Рим ќе се одржи средба на „Пријателите на Сирија“, која најверојатно ќе биде на ниво на министри за надворешни работи.
Меѓу членките на Групата „Пријатели на Сирија“ се и САД, Велика Британија, Франција, Египет и Саудиска Арбија.