Сведок во „Ликвидација“: Лажев под присила на полицијата

Од:

Неочекуван пресврт во случајот „Ликвидација“. Деветмина од 18-те сведоци кои се на списокот да сведочат од страната на обвинителството дадоа друга слика за случајот во кој се обвинети десетмина, меѓу кои и новинарот Томислав Кежаровски.

Шокираше исказот на сведоците дека биле принудени да даваат монтирани изјави кои им биле наложени во велешката полиција.

Сашко Арсовски, брат на загрозениот сведок Златко Арсовски – „Бреза“ призна дека потпишал обвинувања против судиите и обвинителите под присила на полицијата во зградата на Јавното обвинителство во Скопје.

„Како што ми монтираа така и кажав. Ќе го опфатиш овој, ќе го опфатиш оној. Тоа што го кажав во Јавното обвинителство е неточно. Точно е само она што го изјавив пред истражниот судија!“, изјави Сашко Арсовски.

Судењето продолжува со доказна постапка- анализа на транскрипти од разговори и документација.

Според обвинителниот акт, во предметот „Ликвидација“ обвинетите се товарат за јавно обелоденување на загрозениот сведок Бреза, кој беше клучен сведок во предметот за двојното убиство во велешкото село Ореше.

Би можело да ве интересира

Објавено видео: Ликвидиран командантот на специјалните сили на Хезболах

A1on

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов