ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ Левица не гласаа буџети во Аеродром, Охрид, Бутел, Свети Николе, криминалците и фолирантите против граѓаните

Од:

Коалицијата СДС, Левица и ДУИ не ги гласаа буџетите во Охрид, Бутел, Аеродром, Свети Николе, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на линија на народот. Коалицијата СДС, ДУИ и Левица не се грижи за народот, туку само за матните зделки, кои се лепак на нивната дружба велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во Охрид, СДС, ДУИ и Левица не поддржаа буџет кој ќе значи реконструкција на улици, 15 детски игралишта, 2 мултифункционални игралишта. Тие беа и против нова опрема и механизација за јавните претпријатија. Во Бутел, СДС и Левица не гласаа за новиот буџет, со кој се предвидуваат средства за уредување на кејот на реката Серава, нови улици, канализациски системи и нови спортски терени. Коалицијата СДС и Левица без ДУИ, се и против развојот на Свети Николе, тие не го гласаа новиот буџет со кој се одвојуваат дваесетина милиони за нови улици и водоводни и канализациски системи, како и нова балон сала за учениците на Кочо Рацин и нов парк со Памп трака и справи за вежбање. Во Аеродром СДС и Левица не гласаа за буџетот кој значи развој на општината, а со кој се предвидени инвестиции во нови градинки, улици, паркови и плоштади. СДС, ДУИ и Левица се против развојот на општините низ Македонија, тие се секогаш против кога нема матни зделки и тендери, како што имаат во град Скопје, каде на полноќна седница на Совет префрлаа пари на ЈСП, претпријатие управувано од кадар на СДС, кое склучува мултимилионски договори без попусти кои биле вообичаени години наназад се вели во соопштението од партијата.

С

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира