Израел: Белата куќа го одложи нападот

Од:

Белата куќа го информираше израелскиот премиер Нетанјаху, дека американскиот претседател Обама, ја одложи воената акција врз Сирија, додека тоа не го одобри Конгресот, објави вториот канал на израелската телевизија.

Во извештајот, се наведува дека тоа е направено за да се спречат критиките на Израел, а премиерот Нетанјаху, не го потврди истиот.

Израелските медиуми коментираат дека доколку целта била да се намалат критиките, тогаш успеала замислата.

Освен двајца министри од партијата Еврејски дом кои ја критикуваа политиката на САД кон Сирија, сите останати членови на владата молчат.

Нетанјаху на седницата на владата рече дека Израел одговорно се однесува, во врска со состојбата во Сирија и дека нема место за приватни коментари.

-Барам да се воздржите да постапувате неодговорно, кон нашиот сојузник само за да бидете на насловни страници – изјави тој и додаде дека одговорното однесување е важно за безбедноста на сите израелски граѓани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри