Бројот жртви во поплавите на Филипините достигна 33

Од:

Бројот на жртвите во последните поплави што го погодија југот на Филипините се искачи на 33, соопштија синоќа властите.

Продолжува потрагата по уште најмалку 20 лица, исчезнати во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови што наврнаа за време на божиќниот викенд во централниот и јужниот дел на Филипините.

Дождовите уништија стотици живеалишта и повеќе од пет илјади хектари обработливо земјиште, принудувајќи десетици илјади луѓе да побараат засолниште во центрите за евакуација, соопшти националната агенција за управување со катастрофи.

Најголем број жртви има во провинцијата Мисамис Оксидентал на островот Минданао.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод