Поглаварот на Римокатоличката црква папа Франсис, ја наведна главата пред сопругата на јорданскиот крал Абдулах II и прекрши уште едно ватиканско правило.
Папата и се поклонил на кралицата, но не и на кралот во текот на нивната посета на Ватикан и претстојот во папската библиотека.
-Франсис се однесува како во времето кога не беше на оваа функција, така што протоколите не го интересираат -изјави официјално лице од Ватикан.
Според традицијата и ватиканските протоколи, кралот и кралицата требало да му се поклонат на папа Франсис.
Елена Георгиевска