Инцидент во белградско училиште: Ученик се обидел да си ги исече вените, професорите го спречиле

Од:

Во средно занаетско училиште „Петар Лековиќ“ во Белград ученикот Ј.А. (17) се обидел да ги пресече вените.

За среќа, професорите спречиле тоа да се случи и момчето од превентивни причини само со гребнатинки било пренесено во надлежната здравствена установа. На терен излегла и полициска патрола.

Во изјава Весна Леонтијевиќ, директорката на училиштето, откри што навистина се случило.

– На часот по српски јазик и литература, наставничката слушнала двајца ученици, момче и девојче како зборуваат за тоа како решение за сите нивни проблеми би било да си го одземат животот – вели Леонтијевиќ и додава:

-Таа разговараше со нив и рече дека не треба така да размислуваат, дека проблемите може да се решаваат, полека, еден по еден и дека ќе им помогне во тоа. Часот продолжи нормално. Меѓутоа, на пауза помеѓу два часа, ученикот влегол во просторијата каде што седеле наставниците и почнал да крши шолји и чаши за кафе со намера да ги пресече вените. За среќа, наставниците го фатиле за рака и ја спречиле трагедијата.

Средното стручно училиште во Белград се занимава со професионална рехабилитација на ученици со пречки во развојот и учењето.Тешкотиите се многубројни – од интелектуална попреченост, церебрална парализа, инвалидитет, невролошки оштетувања, до нарушувања од спектарот на аутизам.

Би можело да ве интересира

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Властите во Белград планираат да ги отстапат автобусите Соларис на Скопје

А1он