Апелација ги намали казните во „Транспортер“, Владимир Талески треба да лежи седум наместо осум години затвор

Од:

Апелација му ја намали казната на ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески за една година за предметот „Транспортер“. Сега треба да одлежи седум години затвор наместо осум како што претходно одлучи Кривичен суд. Пресудата е донесена по две години од првостепената пресуда донесена од судијката Добрила Кацарска. Поранешниот секретар на општина Битола Слободан Бончановски, исто така доби намалување на казната, па од шест години сега треба да одлежи 5 години и шест месеци. На обвинетите им се судеше за злоупотреба на службената положба и овластување, поради организирањето превоз на ученици во Битола, со што се гонеа дека направиле проневера на околу 360.000 евра. Укината е и ослободителната пресуда за еден од обвинетите.

На дел од управителите на фирми кои добија казни од 2 до 3 години затвор, Апелација им изрече условни осуди.

„На обвинетите Ј. И., С.М.,А.Ш.,Д.Г.,А.С., О.С.,Р.Ј., Н.Д., Џ.М. за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, в.в. со ст.1, а в.в. со чл.24 и чл.45 од Кривичниот законик, им изрече алтернативна мерка – УСЛОВНА ОСУДА, така што им се утврдува казна затвор во траење од по 2-две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетите во временски период од 5 – пет години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело“, велат од Апелација.

Од фирмата Д и А-Хера транс“ ДООЕЛ државата ќе конфискува од 857.637 денари.

„Во останатиот дел како и по однос на кривичните санкции спрема останатите обвинетите и по однос на мерката конфискација на имотната корист која е прибавена со кривичните дела, во вкупен износ од 34.224.179,00 денари, првостепената пресуда ја потврди“, велат од Апелација.

Апелација објаснува и зошто ја донела оваа пресуда.

„Постапувајќи по изјавените жалби, оцени дека првостепениот суд не сторил суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка на кој се укажува во изјавените жалби и на кои судот внимава по службена должност, во пресудата се утврдени сите решителните факти во врска со времето и начинот на извршување на кривичните дела, дадени се причините за решителните факти, извршена е правилна анализа на сите изведени докази и донесената пресуда е јасна, разбирлива и може во целост да се испита. Воедно, како неосновани ги оцени жалбените наводи за погрешно утврдена фактичка состојба, а со тоа и за погрешна примена на материјалното право, од причина што првостепениот суд утврдил правилна фактичка состојба а врз основа на сите изведени докази во текот на постапката, правилно ги утврдил сите решителните факти за кои дал доволно образложени причини во образложението на обжалената пресуда и со еднакво внимание ги испитувал и утврдил како фактите што ги товарат обвинетите, така и оние што им одат во корист, при што правилно постапил судот кога поклонил верба на доказите кои се поклопуваат помеѓу себе и даваат целосна слика за настанот, а притоа имајќи ја предвид и одбраната на обвинетите со што донел јасна и разбирлива пресуда, во врска со кривичните дела и кривичната одговорност на обвинетите“, велат од Апелација.

Тие додаваат дека при донесување на пресудата ги ценеле сите околности.

„По однос на жалбените наводи за одлуките за кривичните санкции, советот на овој суд ги имаше предвид сите околности кои се од влијание при определувањето на видот на кривичната санкција и одмерувањето на нејзината висина, а особено степенот на противправноста на кривичните дела, степенот на кривичната одговороност на обвинетите, јачината на повредата на заштитеното добро, општествената опасност од извршување на овој вид на кривични дела, тежината и начинот на извршување на кривичните дела и во таа смисла поединечните дејствија на извршување на секој од обвинетите, опишани во изреката на првостепената пресуда, нивната улога во криминалниот потфат како извршител односно соучесник, нивното својство и во таа насока прибавената противправна имотна корист, а особено фактот дека е изречена конфискација на целокупната имотна корист, ценети во корелација со околностите кои што постојат на страна на секој од обвинетите, а кои се однесуваат на личните, семејните и материјалните прилики на обвинетите и нивниот поранешен живот, детално елаборирани во образложението на првостепената пресуда, применувајќи го принципот на пропорционалност, а на кој укажува Европскиот суд за човекови права, па оцени дека и со поблаги казни затвор односно со изречените алтернативни мерки – условни осуди спрема обвинетите наведени во одлуката на Апелациониот суд Скопје, за кои е преиначена првостепената пресуда во делот на одлуката за кривичната санкција, како и со изречените кривични санкции спрема останатите обвинети со првостепената пресуда, доволно воспитно ќе се влијае во иднина да не се јавуваат како сторители на вакви и други кривични дела, а со тоа да се остварат и целите на казнувањето предвидените во чл.32 од Кривичниот законик, како на планот на специјалната така и на планот на генералната превенција“, додаваат оттаму.

Од судот, ја укинале и ослободителната пресуда која ја донела Кацарска.

По повод жалбите и по службена должност, а заради правилна примена на Закон овој совет одлучи првостепената пресуда во ослободителниот дел под II само да се укине, од причина што обвинетиот Д.Г. се обвинува за едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 и чл.45 од КЗ,за кое е огласен виновен, но за опишаните дејствија под точка 3 алинеја 14, со оглед да првостепениот суд оценил дека не се докажало дека обвинетиот ги извршил дејствијата опишани под точка 3 алинеја 14 од обвинението, требало истите да ги испушти од описот на дејствијата содржани во изреката а во образложението на пресудата да ги образложи причините за истото, а не да донесе ослободителна пресуда“, додаваат од Апелација.

Би можело да ве интересира

Врховен суд: Пресудата за „Транспортер“ во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески е законски изречена

Горан Наумовски

Талески останува во затвор – Врховен пресече, пресудата е законска

А1он

Пеливанов го повлече обвинението за „Транспортер 2“ каде го обвинуваше Владимир Талески за штета врз буџетот од 70 илјади евра

Кристијан Ландов

Коалиција за правично судење за „Транспортер”: Како Апелација изрече условни казни за дело каде минимум казна е пет години?

Катерина Ѓуровски

Вишото обвинителство Скопје побара да се одбијат жалбите од обвинетите во „Транспортер“

„Транспортер“: Од фирмите треба да се вратат над 34 милиони, ако немаат ќе се конфискува имот од осудените

Кристијан Ландов