Министерот Попоски на Бледскиот стратешки форум во Словенија

Од:

Министерот Никола Попоски, денеска и утре во Словенија, ќе учествува на традиционалниот осми Бледски стратешки форум на тема „Европа што се менува, во светот што се менува“.

Форумот претставува успешна платформа за стратешки дијалог на високо ниво помеѓу лидерите од приватниот и државниот сектор за релевантни прашања со кои се соочуваат Европа и светот во 21-от век.

Во рамки на главната конференција, министерот Попоски ќе има свое обраќање на панелот насловен „ЕУ и Западен Балкан – по Хрватска кој е следен?“. Тој во оваа прилика ќе се осврне на односите помеѓу Република Македонија и Европската унија, последниот напредок во однос на евроинтеграциите на земјите од регионот, како и перспективите за што поскоро отпочнување на пристапните преговори помеѓу Република Македонија и ЕУ.

Покрај министерот Попоски, во дискусиите ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Како што соопшти МНР, на маргините на Форумот, министерот Попоски ќе оствари работна средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Словенија, Карл Ерјавец, а ќе има и други формални и неформални средби.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски