(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Заев се кити со туѓи перја и секој ден влегува од лага во лага

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од лидерот на СДСМ и градоналачник на Струмица, Зоран Заев да се извини за, како што истакнаа, лагите изнесени во изминатиот период.

Портпаролот на  ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски на прес-конференција рече дека Заев за краток временски период кажал три лаги. Едната дека ја обезбедил холандската инвестиција, втората дека  општината обезбедила поволности за инвестирање и третата дека општината ја изградила инфраструктурата во индустриската зона.

Презентирајќи документи, Бичиклиски истакна дека општината добила 52.231.520 денари за инфраструктурна изградба на зоната.

– Од документите се гледа дека Владата инвестирала во изградба на улици, мост, атмосферска и фекална канализација, водовод, улично осветлување, тротоари, експропријации, дислокација на далноводи. Зоран Заев не може за ова да незнае, бидејки на документите каде се префрлаат средствата стои неговиот личен потпис, рече Бичиклиски.

Тој побара од градоначалникот Заев да им се извини на граѓаните за изнесените лаги.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси