Најмалку 16 лица загинаа кога автобус во суданскиот град Омдурман удри во камион паркиран покрај автопат, соопшти денеска суданската полиција.
Автобусот излетал од патот и удрил во паркиран камион во Омдурман при што се повредени најмалку 19 лица, се наведува во соопштението од полицијата.
Автобусот се движел кон Картум од Фашер, главниот град на провинцијата Северен Дарфур, а не е познато зошто излетал од патот.
Сообраќајните несреќи се чести во Судан, поради лошо одржувани патишта и непочитување на сообраќајните прописи. Илјадници луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи во оваа африканска земја.
Извор: МИА