(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски цела 2022 година ги лажеше граѓани

Од:

Христијан Мицкоски цела 2022 година ги лажеше граѓани. Под заложништво на Димитар Апасиев и Левица, Мицкоски лажеше за македонскиот јазик, ја плашеше јавноста со асимилација и бугаризација. Како шпицен градоначалник Мицкоски лажеше за набавка на 100 еколошки автобуси за потребите на Град Скопје, изјави на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Оваа лага тој ја прошири со најава за отворање на фабрика за производство на електрични автобуси. „…со сите потенцијални снабдувачи се разговара и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси и вработување на минимум 500 луѓе…“ рече Мицкоски во март оваа година на партиски настан. Исто како и стоте автобуси, денес ја нема ниту фабриката што Мицкоски ја најавуваше.

Поради неспособноста на градската власт од ВМРО-ДПМНЕ не функционира ниту постоечкиот јавен превоз. 2022 година покажа дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се неспособни, а дека на Мицкоски не може да му се верува – нагласи Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги отрфламе злонамерните шпекулации за седницата на ЦО излезени од кујната на ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ние сме најдемократска партија, му одговори СДСМ на Шилегов

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

Кузеска: Политичката одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ и за Мицкоски

(ВИДЕО) СДСМ: Сватовите на Гаши со приватни возила биле пропуштени на граница без контрола

Кузеска: “Картел при јавни набавки“, нов скандал со фирми поврзани со Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски