Демократски сојуз: Младите да не учествуваат во лажни најави за поставени бомби

Од:

Демократскиот сојуз смета дека најавите за поставени бомби се насочени кон дестабилизација на државата, преку кои се нарушува процесот на образование, како и нормалното одвивање на животот.

„Овие лажни најави за поставени експлозивни направи предизвикуваат трајни последици по психичкиот развој на младите, потоа при евакуацијата се можни повреди на учениците и се создава страв и нервоза кај родителите“, велат од ДС.

„Повеќе од јасно е дека овде има и политички цели, се работи за внатрешна “организација” која можно е да има и странска логистика, поради што службите за безбедност мораат да имаат координиран настап со вклучување на сите расположиви ресурси. Апелираме младите да не се вклучуваат во вакви авантуристички активности, бидејќи најавите за поставени бомби е тешко кривично дело за кое се предвидени високи затворски казни, а и другите последици се долготрајни:забрана за влез во другите држави, на секој премин претреси, ограничување при вработување во некои институции (безбедносно неподобни ќе бидат) итн.

Практично со учество во вакви незаконити активности, ќе си закачите” канта на грбот”, која цел живот ќе ви тропа“, се наведува во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски