Поради арктичката студена бура што го погоди поголемиот дел од САД, повеќе од 800.000 луѓе останаа без струја, а најмалку 28 лица загинаа.
Повеќе од 3.000 летови беа откажани во саботата, а некои аеродроми беа затворени. Во петокот, повеќе од 200 милиони луѓе беа под некаков вид метеоролошки предупредување.
Замрзнатите услови на патиштата ги натераа властите да ги повикаат луѓето да останат внатре и да ги откажат сите патувања кои не се вонредни, при што стотици луѓе останаа заглавени во сообраќајот.
The lake band is still raging, but it's now south of the airport. Here's a view of our office with some rather impressive snow mounds in the foreground. Many (many) cars are still buried throughout the area. pic.twitter.com/owto22GbF6
— NWS Buffalo (@NWSBUFFALO) December 25, 2022
Меѓу загинатите има три лица во сообраќајни несреќи во Кентаки и уште три во Оклахома.
Во Монтана, Националната метеоролошка служба предупреди дека на источната падина на националниот парк Глечер и околината може да падне до 20 сантиметри снег, а ветровите достигнуваат брзина и до 90 километри на час.
Монтана претходно во невремето забележа температура од -45,6 степени, додека вчерашната најниска температура беше забележана во малиот град Авр на -39 степени (38 F).
Повеќе од 107.000 домови се без струја во Мејн, а поправките најверојатно ќе траат неколку дена. Некои други држави побараа од потрошувачите да ја намалат потрошувачката за да избегнат прекини.
Cars are stuck in heavy snow in Buffalo, New York, Saturday.
A winter storm knocked out power to 1.7 million homes and businesses across the U.S.
Officials have attributed more than a dozen deaths to exposure, icy car crashes and other storm effects.https://t.co/tsWNh43V6r pic.twitter.com/boI5WqIw9n
— Voice of America (@VOANews) December 25, 2022
Временските услови ќе бидат умерени од вторник од запад кон исток на Америка, во висорамнините и центарот на САД, но на источниот брег ќе се загрее до четврток или петок.
Екстремните временски услови ги принудија властите ширум земјата да отворат центри за затоплување во библиотеките и полициските станици за да ги заштитат бездомниците.
Државниот метеоролошки завод објави дека неговата карта на сегашни и идни метеоролошки опасности има „најмногу предупредувања за зимски услови досега“.
Канаѓаните исто така издадоа предупредувања за тешки временски услови. Стотици илјади луѓе останаа без струја во регионите Онтарио и Квебек, додека многу летови беа откажани во Ванкувер, Торонто и Монтреал.
Travel hell for Via Rail passengers going between the Toronto to Quebec City corridor. This photo is from a viewer near Kingston.
9 trains stopped in tracks because of falling trees and power outages.
7 trains cancelled.
Some passengers have been stuck for more than 15 hrs pic.twitter.com/80NBFkphmY— Judy Trinh (@judyatrinh) December 24, 2022
Канадската VIA Rail објави дека сите возови од Торонто до Отава и Монтреал ќе бидат суспендирани на Божиќ поради излетување на возот од шините, додека екстремните временски услови доведоа до голем број откажани возења.
Метеорологот Келси Мекјун од Торонто објави на Твитер дека во петокот во езерото Ири се забележани бранови до 8 метри, додека во пристаништето Ферпорт, Охајо, ветрови до 120 км/ч.