Илиеска: Владата со измените на законот за данок на добивка удира по малите претпријатија, го укинува ослободувањето за фирмите со промет до 3.000.000 денари, кои се најкревки

Од:

Реформа е подобрување на некоја структура. Во случајот со таканаречената “даночна реформа“ од страна на Владата и поднесените предлог законски решенија се утврдува дека не станува збор за реформа, туку за нови даночни оптоварувања рече на прес конференција Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Законските решенија ниту еден ден не беа објавени на ЕНЕР и само еден месец пред новата календарска година се поднесени во собраниска процедура. Ваквиот начин на работа на Владата во економијата создава клима на неизвесност и несигурност. Со “реформата “се укинува ослободувањето од обврската за плаќање на данокот на добивка на фирми кои што остваруваат приходи на годишно ниво до 3.000.000 денари.
Доколку се усвои овој предлог закон, категоријата која беше ослободена од данок на добивка до 3.000.000 денари промет, сега ќе плаќа данок со влегување во категоријата на обврзници од 3.000.001 ден до 6.000.000 денари промет, при што како до сега ќе избираат дали ќе плаќаат данок на добивка од 10% или 1% на вкупниот приход. Во таа категорија спаѓаат микро даночни обврзници, кои што се најголем број, но истовремено се најкревки и најмали во економијата, со исклучок само на занаетчиите кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување вели Илиеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС