Ковачки: Милошевски е потписник на проверката за Онишченко, Ковачевски го знаел тоа

Од:

Зарко Милошевски не треба ниту ден да биде на чело на АНБ. Во јавноста излезе документ од кој се гледа дека токму Милошевски ја одобрил позитивната проверка за Онишченко, со која се потврдува дека тој не е безбедносен ризик за државата рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Доколку Зарко Милошевски како одоговорно лице во АНБ не ја одобрел позитивната проверка, Онишченко немало да добие Македонско државјанство. Онишченко е руски олигарх, тој е на црната листа на САД, а постојат индиции и дека се мешал во изборите во САД и ова не го говориме само ние, ова се работи за кои постојат докази, а и Стево Пендаровски, колку и да сака да се додоворува на СДС, ги призна сите овие факти. Тоа што Милошевски со свој потпис, како одговорно лице во АНБ одобрил Онишченко да добие државјанство не е воопшто наивно, а неговото назначување од страна на Ковачевски, како и тоа што веднаш по назначувањето ја сменил комисијата за одговорност, е јасен показател дека Ковачевски знаел дека Зарко Милошевски е потписникот на проверката, но го поставил за директор со цел истиот да ги покрие сопствените и трагите кои водат до Ковачевски вели Ковачки.

Додава дека одговорност мора да има и од Милошевски и од Димовски и вели дека ако премиерот Ковачевски не е директно вмешан во алката, треба веднаш да го разреши Зарко Милошевки и да го запре именувањето на Виктор Димовски за амбасадор ов Париз.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Вредеше ли предавството? Се откажавте од име, Устав, историја! Овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот, имаме план за развој и враќање на надежта кај луѓето

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата