Стоилковски: Данела Арсовска не размислува за долгот кон возачите, таа размислува за 11 милиони денари за рекламни спотови од приватна продукција

Од:

Данела Арсовска не размислува за долгот од еден и пол милиони евра кон возачите, таа размислува за 11 милиони денари за рекламни спотови од приватна продукција!? Со овој документ нејзиниот сектор за поддршка бара 11 милиони денари за организирање прес конференции и снимање промо-видеа, за потоа тие да ги објавувалена на сајтот на градот и на социјалните мрежи. 11 милиони за директна пропаганда рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Наместо да се најде решение и да се исплати потврдениот долгот на ЈСП, Данела Арсовска се грижи за својот ПР. За една година направи целосен хаос во Скопје, ги колабираше јавните претпријатија, не започна ниту еден реален капитален проект, ама бара пари за лично рекламирање. А што ќе рекламира? Новата Универзална што не е почната, Луна Паркот што е заборавен, или тажната приказна од новогодишно уредување со елка и рингишпил врз фонтаната! Повторувам, врз фонтана каде што заради негрижа пропаѓаат возила на плоштадот. Во Град Скопје има цел сектор и цело одделение со најмалку девет вработени за организирање на прес конференции и што се задолжени за транспарентност и информирање на граѓаните. Но, ниту тие, ниту маркетинг агенции за спотови нема да ги заменат бегствата на Данела и нејзините пулени од одговори пред медиумите вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он