Британскиот премиер Риши Сунак беше критикуван за непријатен разговор со бездомник додека волонтираше во народната кујна пред телевизиските камери.
Сунак вчера посети прифатилиште, каде по краткиот разговор прашува маж дали се занимава со некој бизнис, објави британскиот весник „Гардијан“.
Човекот одговора дека е бездомник.
Британскиот премиер потоа зборуваше за своето минато во финансиската индустрија и праша дали тоа би било нешто во кое човекот би сакал да навлезе.
Човекот тогаш одговара дека нема да има ништо против, туку дека прво би сакал да го преживее Божиќ.
Sunak asks a homeless man in a homeless shelter whether he "works in business", then proceeds to talk about the financial services industry. Utterly bizarre pic.twitter.com/jQPzg7RR4h
— Adam Bienkov (@AdamBienkov) December 24, 2022
Тој објасни дека се надева оти некоја хуманитарна организација ќе му најде привремено сместување за да не биде на улица на Божиќ.
Заменик-претседателот на лабуристите, Ангела Рајнер, го опиша разговорот како потресен, а лабуристичката пратеничка Стела Криси рече дека била загрижена гледајќи ја сцената за која премиерот мислел дека тоа што е бездомник значи дека тој едноставно нема каде да живее во моментот.
Посетата Сунак ја искористи да нагласи дека владата ветила две милијарди фунти за решавање на проблемот со бездомниците во период од три години.