Кралот на фудбалот Пеле продолжува да се бори за живот. 82-годишниот Бразилец од крајот на ноември е хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, каде што е примен поради влошена здравствена состојба.
Неговата ќерка Кели сподели фотографија од изминатата вечер на која лежи до него на креветот.
„Продолжуваме да се бориме. Уште една ноќ заедно“, напиша таа.
Пред една година легендарниот поранешен фудбалер беше опериран за отстранување на тумор на дебелото црево, но тогаш се појавија информации дека неговото тело повеќе не реагира на хемотерапијата. Одделно, тој добива и нега поврзана со бубрежна и срцева слабост.