Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија

Од:

Американската армија соопшти дека убила шест припадници на терористичката милиција Ал Шабаб во денешниот воздушен напад во Сомалија.

Во соопштението на Командниот центар на американската армија одговорен за Африка се посочува дека нападот бил извршен врз цели во малото гратче Адал, во областа Среден Шабел на околу 250 километри северно од главниот град Могадишу.

Сомалиската Влада вчера соопшти дека регионот е целосно ослободен од милицијата Ал Шабаб.

Американската војска во согласност со властите во Могадишу постојано извршува напади врз цели Ал Шабаб во Сомалија, воглавно со беспилотни летала.

Сомалија е земја на Рогот на Африка, со околу 16 милиони жители која со години ја потресуваат конфликти и насилство.

Владата веќе неколку месеци спроведува воена офанзива насочена против силите на Ал Шабаб. Исламистичките екстремисти контролираат големи делови од централна Сомалија, како и јужниот дел на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Најмалку десет загинати во напад на исламски екстремисти во Могадишу, повреден сомалиски министер