Стоилковски за случајот со Виктор Димовски: Со отповикувањето не треба да заврши скандалот во безбедносниот систем

Од:

„Срамно е тоа што се случува, срамно е што сега отповикувањето на Виктор Димовски, односно оспорувањето за функцијата на Димовски веројатно од локацијата каде што беше именуван за амбасадор се случува. Но, тука не треба да заврши скандалот со безбедносниот систем!“, одговори Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарското прашање каде што се бараше коментар за тоа што власта најави отповикување на Виктор Димовски од амбасадорската функција, како и реферирање на Зарко Милошевски за случајот со Онишченко.

Стоилковски исто така нагласи дека на многу прашања треба да одговори и Димитар Ковачевски.

„Еве на пример, Димитар Ковачевски има многу што да одговори. На пример дали Зарко Милошевски, новиот шеф на АНБ, пулен на Миле Зечевиќ за шеф на својот кабинет во АНБ ја поставил истата личност шеф на кабинет и на екс директорот на УБК? Ковачевски мора да одговори дали Зарко Милошевски бил награден за успешна акција во Диво Насеље? И Ковачевски и потоа мора да одговори дали смета дека акцијата во Диво Насеље, за која што бил награден Зарко Милошевски била успешна полициска акција“, запраша Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник