Ева Каили ќе остане во притвор уште еден месец

Од:

Суд во Белгија денеска одлучи европратеничката Ева Каили да биде во притвор уште еден месец. Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент е осомничена дека била во центарот на еден од најголемите корупциски скандали во Европската унија.

Сепак, по рочиштето, судот соопшти дека го „продолжува притворот“ за уште еден месец.

– Според обвинителот, постоела опасност таа да биде киднапирана од тајни агенти од Катар. За Каили се уште нема докази за перење пари ниту за членство во криминална организација. Станува збор за политичка одлука, изјави за грчки медиуми нејзиниот адвокат Михалис Димитракопулос. Адвокатите барале „домашен притвор без никакви електронски уреди уреди, само фиксен телефон што ќе го следи полицијата со нејзина согласност бидејќи единствено што сака е да биде со детето“.

Адвокатите на Каили сега имаат 24 часа да ја обжалат таа одлука и доколку одлучат да го сторат тоа, Каили ќе се појави пред Апелациски суд во Брисел во рок од 15 дена. Белгиското обвинителство ја обвинува Ева Каили за корупција, членство во криминална организација и перење пари.

Таа е во притвор од 9 декември, додека нејзиниот партнер Франческо Џорџи, советник во Европскиот парламент, исто така е во притвор поради истите обвиненија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кајли во затвор работи за 0,75 евра на час

Катар уште еднаш негираше вмешаност во корупцискиот скандал во Европарламентот

Ана Ололовска

Ева Каили, кај која се најдени „торби со пари од Катар“, обвинета за проневера

Ана Ололовска

Сопругот на уапсената Ева Каили од Европскиот парламент призна: Зедовме поткуп од Катар

Ева Каили останува во затвор уште една седмица

Адвокатот на Каили: Парите што беа најдени во нејзиниот дом, а ги донел нејзиниот партнер, не знаела дека постојат

А1он