Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа реновирањето на училниците и обезбеди основна опрема за огранокот на основното училиште „Сами Фрашери“ во Шишево, општина Сарај, каде денеска се одржа и церемонија по повод новата учебна година.
Огранокот на ова училиште е последното повеќе-јазично училиште во општината Сарај, спротивставувајќи се на трендот на зголемената сепарација во образованието. Помошта на училиштето од страна на Мисијата на ОБСЕ е дел од поддршката на интегрираниот образовен систем и поттикнување на хармонични односи помеѓу сите етнички заедници.
„За да се засади семето на толеранција и взаемна почит кај идните генерации, важно е децата од различните заедници да учат заедно и да учат едни за други”, рече на церемонијата, Шефот на Мисијата на ОБСЕ, Амбасадорот Ралф Брет.
„За среќа, ова училиште останува еден инспиративен модел на заедничко образование“.
Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, кој исто така присуствуваше на церемонијата на отворањето, рече:
„Ја поздравувам поддршката и иницијативата на ОБСЕ, која е организација со висока општествена одговорност и докажан искрен партнер на нашите институции, особено во областа на образованието. Верувам дека новата опрема и новиот изглед на ова училиште ќе биде инспирација не само за учениците, но исто така и за нивните родители како и за наставничкиот кадар“.