„А1он“ дојде до наредбата за спровод на Мијлаков: Неточно е тврдењето на судот дека судијата побарал да биде донесен денеска на судење

Од:

Неточно е тврдењето на Кривичниот суд дека судијата Огнен Ставрев побарал спровод на обвинетиот Сашо Мијалков за денешното закажано рочиште на „Титаник 2“. „А1он“ дојде до наредбата на која јасно стои дека спроводот е побаран за на 12.12.2022 година, односно за пред 10 дена. Оваа наредба е потпишана од судијата Ставрев, со печат, и примена од затворот во Струга на 14.12.2022 година, како што посочија и од Кривичниот суд.

„На ден 12.12.2022 година во 10.00 часот, во судница бр.6, трети спрат, да се спроведе обвинетиот Сашо Мијалков….“, стои во наредбата до која дојде „А1он“.

Наредбата за спровод на Мијалков издадена за 12.12.2022 година наместо за 22.12. 2022 година, со потпис од судијата Ставрев и печат од судот

„А1он“ двапати препраша во Кривичниот суд за кој датум е издадена наредбата за спровод. Децидни беа дека е за денешниот датум 22.12.2022 година, за кога беше и закажано рочиштето за „Титаник 2“.

„Конкретно Ви е одговорено – Наредбата е за денешната главна расправа“, стои во вториот одговор од Кривичен суд кој го добивме.

Одговорите од Кривичен суд за „А1он“

„А1он“ наредбата за спровод до која дојде ја достави и до Кривичниот суд, од каде побаравме одговор дали истата е автентична, како и дали е истата на која судијата Ставрев се повика на денешното рочиште.

Инаку, за на 12 декември, имало засебна наредба за спровод на Мијалков. И тогаш имало рочиште за „Титаник 2“ кое се одложило. Веројатно, станува збор за техничка грешка направена во Кривичниот суд, каде наместо да го сменат датумот и да го стават 22 декември, останал 12 декември. Нов документ со точен датум не бил испратен, а Мијалков остана неспроведен од струшкиот затвор.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор