Банкман-Фрид екстрадиран во САД, бил пријавен од двајца негови поранешни колеги и пријатели

Од:

Сем Банкман-Фрид, поранешниот милијардер и основач на берзата за тргување со криптовалути „Еф-те-икс“ (FTX), синоќа од неговиот дом на Бахамите беше екстрадиран во САД, каде се соочува со низа кривични дела за финансиски измами, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Банкман-Фрид (30) е под надзор на Федералното биро за истраги (ФБИ) и патува назад во САД, изјави Демијан Вилсон, обвинител за јужен дистрикт на Њујорк.

Според него, обвинетиот ќе се појави пред судија „колку што е можно поскоро“.

Радиото Ен-пи-ар јави дека Банкман-Фрид бил пријавен од двајца негови поранешни колеги и пријатели, Керолин Елисон и Гери Ванг, кои исто така се обвинети откако се изјасниле за виновни, а сега соработуваат со истрагата.

Двајцата се обвинети од Комисијата за хартии од вредност и берзи, државен регулатор на Волстрит, за измама на инвеститорите на крипто берзата и соработуваат со истрагата поврзана со активностите на Банкман-Фрид, со можност да постигнат договор со иследувачите за намалени казни.

Портпарол на поранешниот милијардер не одговори на барањата за коментар.

Банкман-Фрид е обвинет за финансиски измами од неколку милијарди долари, откако неговата онлајн берза за тргување со криптовалути, отворена во 2019 година, а која во еден момент во 2021 година достигна над милион корисници, во ноември објави банкрот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови алармира МВР

Катерина Ѓуровски

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Кралот на криптовалутите кој е уапсен во Подгорица ја негираше вината: Понуди 400.000 евра да се брани од слобода

Најбараниот криминалец во светот се криел на Дедиње, неговиот сосед бил висок функционер во српското МВР

Ана Ололовска

Конфискувани 700 милиони долари од Банкмен-Фрид

Горан Наумовски