Русија најави ескалација на конфликтот: Директна порака до Украина

Од:

Кремљ денеска оцени дека новите испораки на американско оружје за Украина само ќе го „интензивираат“ конфликтот со Русија.

– Сето ова секако води кон ескалација на конфликтот и не е добро за Украина, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Тој рече и дека не очекува Зеленски по посетата на САД да го смени ставот во врска со можните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски потврди дека е на пат за САД.

– На пат кон САД да ја зајакнеме отпорноста и одбранбените капацитети на Украина, напиша Зеленски на Твитер.

Тој најави дека со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за соработката меѓу Украина и САД. Тој изјави и дека ќе се обрати пред американскиот Конгрес.

Белата куќа претходно соопшти дека Зеленски ќе се сретне со Бајден, како и дека американскиот претседател ќе објави „значајна“ нова помош за Украина.

Според претходната изјава на висок американски функционер, во таа помош треба да биде вклучен и ракетниот одбранбен систем Патриот.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте