(ВИДЕО) Песков за заедничката акција на Русија и Белорусија: Кој рече така, треба да се одмори

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Москва и Белорусија подготвуваат заедничка копнена операција против Украина.

Во видео споделено на Твитер Песков е запрашан дали се точни тврдењата на највисокиот украински генерал Валериј Залужни за заедничката операција.

„Кој генерал го рече тоа? Залужни? Треба да се одмори. Преморен е“, одговара Песков.

Минатата недела Залужни изјави за Економист дека Русија подготвува 200.000 нови војници за голема офанзива што би можела да дојде од исток, југ или дури и од Белорусија веќе во јануари, но поверојатно на пролет.

Москва и Минск формираа заедничка воена единица во Белорусија и одржаа бројни вежби. Во Белорусија минатата недела беа распоредени и три руски воени авиони.

Би можело да ве интересира

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната